Орбан: Во следните четири години, Унгарија мора да избегне да биде вовлечена во војна
- Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во следните четири години Унгарија мора да избегне да биде вовлечена во војна, дека унгарските пари треба да се користат за Унгарците, а не за Украина, и оти на Украина не смее да ѝ се дозволи да се приклучи кон Европската Унија.
- Орбан нагласи дека зачувувањето на евтината руска енергија е клучно за економската конкурентност на Унгарија и додаде дека големите финансиски трансфери кон Украина би можеле да ги задолжат идните генерации, објави Index.