Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
- Ненадејната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ги укине санкциите врз Русија само неколку дена пред да стапат во сила предизвика силно незадоволство кај членовите на Конгресот.
- Ова е неодговорно, благо кажано“, напиша сенаторот Том Тилис, републиканец од Северна Каролина, на социјалните мрежи, неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека санкциите што требаше да стапат на сила денес и да ја погодат руската економија ќе бидат обновени.