Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра
- Италијанските медиуми денеска објавија дека од музеј во Парма украдени се три уметнички слики со вкупна вредност од околу девет милиони евра.
- Крадците влегле во музејот „Фондација Мањани-Рока“ и за три минути успеале да ги украдат сликите „Рибата“ на Пјер-Огист Реноар, „Чаша и чинија со цреши“ од Пол Сезан и „Одалиска на терасата“ од Анри Матис.