Нуклеарната централа „Запорожје“ повторно исклучена од надворешно напојување
- Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека нуклеарната централа „Запорожје“ во Украина по 20-ти пат од почетокот на војната со Русија останала без надворешно напојување со електрична енергија.
- Агенцијата преку објава на социјалната мрежа „Икс“ наведе дека поради прекинот биле активирани резервните дизел-генератори, со цел да се обезбеди ладење на реакторите и функционирање на другите клучни системи поврзани со нуклеарната безбедност на централата.