Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“
- Во меѓувреме, либанскиот претседател Џозеф Аун рече дека неговата земја се соочува со „злобна израелска агресија достојна за осуда“ откако Израел ја засили својата офанзива против Хезболах со освојувањето на средновековниот замок Бофорт, објави весникот Гардијан.
- Во објава на Икс Аун наведе дека „ќе работи на тоа да се стави крај на страдањето на либанскиот народ, особено на луѓето на југот од земјата“.
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да ги нападне позициите на либанската милитантна група Хезболах во предградијата на либанскиот главен град Бејрут.