Невреме предизвика доцнења и откажани летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон
- Повеќе од 600 летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон доцнеа денеска, а десетици се откажани поради невреме проследено со грмотевици, што следеа по топлотниот бран.
- Британската служба за контрола на воздушниот сообраќај соопшти дека се очекува прекините во воздушниот сообраќај да траат до крајот на денот, објави Би-Би-Си.