Научниците предупредуваат: Нѐ очекуваат екстремно високи температури поради раст на Ел Нињо
- Со дополнителна топлина во источниот Пацифик, најголемото влијание на Ел Нињо е зголемување на просечната глобална температура, обично за 0,2 C. Лиз Стивенс, професорка на Универзитетот во Рединг, изјави за Би-Би-Си: Веројатно ќе видиме рекордни глобални температури следната година, особено ако е многу силен Ел Нињо.
- Научниците истакнуваат дека комбинацијата од долгорочните климатски промени предизвикани од човекот и ефектот на „Ел Нињо“ создава „совршена бура“ за рекордни топлотни бранови.