Наставничка во Германија речиси 17 години била на боледување, но примала целосна плата
- Обвинителството покрена постапка против неа откако било откриено дека како државна службеничка речиси 17 години ја примала целосната плата, иако во тој период не одржала ниту еден час настава.
- Наставничка од германскиот град Дуизбург е под истрага на обвинителството под сомнение за измама, откако речиси 17 години непрекинато била на боледување, а во истиот период продолжила да ја прима целосната плата, објавува весникот „Велт“.