Напад врз полицаец пред израелската амбасада во Белград, Србија во состојба на највисока тревога
- Српските власти го подигнаа нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, откако синоќа во Белград беше извршен напад врз припадник на полицијата кој ја обезбедувал израелската амбасада.
- Дачиќ соопшти дека безбедносната закана е подигната на највисокото, црвено ниво, а полицијата ќе го засили присуството и контролите на локации од посебно безбедносно значење, меѓу кои инфраструктурни објекти и места каде се собираат поголем број граѓани.