Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина
- Русија смета дека е прерано да се коментираат извештаите дека САД и Украина разговараат за евентуален прекин на воздушните напади како дел од напорите за завршување на војната, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Неговиот коментар следува по изјавата на украински функционер за Ројтерс дека претставници од Киев и Вашингтон разговараат за предлог што би и бил презентиран на Русија за прекин на воздушните напади како дел од новиот обид за оживување на мировните преговори насочени кон завршување на војната во Украина, која започна во 2022 година.