Москва без мобилен интернет: Руските оператори воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини
- Како што јавуваат новинарите на Ројтерс од руската престолнина, најголемиот мобилен оператор во земјата, МТС, испратил пораки до корисниците во кои се вели: „Со цел да се гарантираат безбедносните мерки во вашиот реон, може да има привремени ограничувања во работата на мобилниот интернет“.
- Руските власти во неколку наврати во последните денови го блокираа пристапот до мобилен интернет, особено во централниот дел на Москва, во контекст на засилените безбедносни протоколи во главниот град.