Мицотакис: Пресретнувањето на иранските ракети во Саудиска Арабија од грчкиот систем Патриот беше строго одбранбена акција
- Грција и Франција имаа водечка улога и во Европскиот совет во потребата да се формулира предлог за мораториум што ќе исклучи какви било напади врз енергетски објекти, без разлика дали се наоѓаат во Иран или во земјите од Заливот, објасни Мицотакис.
- Во однос на бегалското прашање, уште еднаш повтори дека „Европската Унија како целина нема да ги повтори грешките од 2015 година“, нагласи дека Грција ги штити своите граници, но и дека „сите членки на Европскиот совет, преку заклучоците, јасно ставија до знаење дека нема да се дозволи масовен прилив на мигранти и бегалци во ЕУ“.