Министрите на Г7 со апел до САД за деескалација на Блискиот Исток
- Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 на средбата во опатијата Во де Серне во близина на Париз, јасно ја изразија својата намера да го поттикнат Вашингтон кон деескалација во Блискиот Исток, истовремено нагласувајќи дека поддршката за Украина мора да остане приоритет.
- Шефицата на европската дипломатија Каја Калас предупреди дека војните во Украина и Блискиот Исток се „тесно поврзани“, посочувајќи дека Русија му помага на Иран со разузнавачки податоци за напади врз американски цели.