МИА на Кипар: Сомнителен предмет во воздушниот простор во близина на Либан создаде проблеми со летовите од и кон Ларнака
- Според информациите на МИА поради инцидентот, речиси половина час аеродромот во Ларнака беше затворен за слетувања и полетувања авиони, а утринскиот лет од Атина за Ларнака, откога не добил дозвола за слетување, се вратил во Атина.
- Летибиотис на „Икс“ објасни дека воздушниот простор на Република Кипар „во ниеден момент не беше затворен“, а во рамките на утврдените процедури, од два лета било побарано да останат во режим на чекање со цел да се обезбеди неопходниот оперативен простор.