Мерц: Германија секој ден се соочува со руски дезинформации и хибридни напади
- Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека руските дезинформации и хибридните напади се најголемата закана за безбедноста на Германија и дека Москва започнува фундаментален напад врз политичкиот поредок воспоставен од крајот на Студената војна, објавија британските медиуми.
- Мерц на конференција во Берлин изјави дека Европа не сака трговска војна, но ќе ги брани своите комерцијални интереси од конкуренцијата од Кина.