Мерц: АфД е „деструктивна сила“ која никогаш нема да освои апсолутно мнозинство
- Мерц истакна дека АфД не успеала да ја постигне својата јавно наведена цел за освојување апсолутно мнозинство на неделните избори, оценувајќи дека „никаде во Германија“ партијата нема да може да го постигне тоа со своите политики.
- Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска остро ја критикуваше крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), нарекувајќи ја „деструктивна сила“, во првото обраќање во парламентот по убедливата победа на антиимиграциската партија на покраинските избори во Саксонија-Анхалт.