Маск: Се чувствувам „прилично глупаво“ што потрошив толку пари за среднорочните избори
- Илон Маск изјави дека се чувствува „прилично глупаво“ поради сумата пари што ја потрошил на овогодинешните американски избори на средината на мандатот, откако Републиканската партија претрпе тешки порази.
- Говорејќи виртуелно на самитот „DealBook“ на „Њујорк тајмс“ во средата, извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс-икс“ (SpaceX) – воедно и најбогатиот човек во светот – рече: „Се чувствувам прилично глупаво што потрошив толку многу пари, а за возврат не добив речиси ништо“.