Марта Кос го отфрли повикот на Вучиќ и на Рама: Реформите за единствениот пазар и Шенген се тешки како и за членство во ЕУ
- Кос го отфрли повикот на Вучиќ и Рама и рече дека не е сигурна дали лидерите „знаат колку треба да постигнат за да бидат дел од Шенген или заедничкиот пазар“, додавајќи дека реформите за економска интеграција со ЕУ се исто толку тешки како и за пристапување во Унијата.
- Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека влегувањето на една земја во Шенген или заедничкиот пазар на ЕУ, за кои повикаа албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, бара реформи исто толку тешки како и оние за членство во ЕУ, пренесоа денеска српските медиуми.