МАКРОН: Разговарав со колегата Пезешкијан и го замолив да ги прекине нападите врз земјите во регионот и Иран да започне искрени преговори
- Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал со неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан, при што го замолил да стави крај на нападите врз земјите во регионот и упатил повик Иран да започне искрени преговори, пренесуваат светските медиуми.
- Го повикав Иран да се ангажира во искрени преговори за да се отвори патот кон деескалација и да се обезбеди рамка што ќе ги исполни очекувањата на меѓународната заедница во однос на нуклеарната и балистичката програма на Иран и неговите активности за дестабилизација на регионот“, додава францускиот претседател.