Макрон предупредува: Европа мора да се разбуди – САД, Русија и Кина се против нас
- Европа мора да ги засили напорите за заштита на сопствените интереси, бидејќи САД, Русија и Кина се сè поотворено поставени спротивно на европските позиции, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон.
- Макрон истакна дека напнатостите со САД не се привремени и дека ќе продолжат и по мандатот на актуелниот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека станува збор за подлабок историски тренд.