Макрон: Иран и САД заедно да ја отворат Ормуската Теснина, Франција не учествува во „Проектот Слобода“
- Францускиот претседател Емануел Макрон повика на заедничко отворање на Ормуската Теснина со договор меѓу Иран и САД.
- Во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Ереван, Макрон ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во „Проектот Слобода“ што синоќа го објави американскиот претседател Доналд Трамп за враќање на слободата на пловидба во Ормуската Теснина, објави телевизијата БФМ.