Макрон го осуди потегот на ЕК за привремено спроведување на договорот со земјите од Меркосур
- Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го изрази своето незадоволство од одлуката на Европската комисија привремено да го примени договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и земјите од Меркосур, оценувајќи ја таа одлука како „непријатно изненадување“ за Франција и „лош начин на дејствување“ кон Европскиот парламент.
- Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, претходно изјави дека сите 27 членки на ЕУ ќе започнат со привремена примена на договорот за слободна трговија со неколку латиноамерикански земји, и покрај силните приговори од Франција.