Локални избори во Франција – тест за политичкото расположение пред претседателските избори
- Француските избирачи денеска излегуваат на гласачките места на локални избори кои се сметаат за последен голем тест за политичкото расположение пред претседателските избори следната година, јави ДПА.
- Речиси 49 милиони луѓе имаат право да учествуваат во првиот круг од општинските избори, што ќе одреди илјадници локални советници, кои, пак, ќе избираат градоначалници во своите заедници.