Локални избори во Англија и парламентарни избори во Велс и Шкотска – прв голем тест за Стармер
- Лабуристичката партија на британскиot премиер Кир Стармер денеска би можела да биде казнета од гласачите на локалните избори, на кои милиони граѓани се очекува да се насочат кон крајнодесничарската партија „Реформирај го Обединетото Кралство“ или кон радикално левата Зелена партија, оценуваат локални медиуми.
- Откако се врати на власт во јули 2024 година по 14 години во опозиција, Лабуристичката партија се соочува со тешкотии во исполнувањето на ветувањата за економски раст, додека конфликтот на Блискиот Исток дополнително ја продлабочува кризата со трошоците за живот.