Лидерката на АфД: Германија треба да го прекине бојкотот на руската нафта и гас
- Лидерката на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, денеска изјави дека Германија треба да го прекине бојкотот на руска нафта и гас и дека евтината енергија од Русија е клучна за силата на германската индустрија.
- Зборувајќи за Русија, таа рече дека „евтината енергија“ треба повторно да биде достапна за Германија и ја критикуваше зависноста од САД како поскап снабдувач на енергија.