Ливит: Разговорите меѓу САД и Иран продолжуваат, Трамп не блефира
- Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, денеска изјави дека „разговорите продолжуваат“ меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и оти американскиот претседател Доналд Трамп „сака мир“, но доколку Иран не сфати дека е поразен, земјата ќе биде погодена со напади „посилно од кога било досега“.
- Ливит рече дека САД се „многу блиску до исполнување на основните цели“ на операцијата „Епски бес“ (Epic Fury) во Иран.