Курти: Српските воени вежби крај границата се закана, потребни се санкции
- Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека воените вежби на српската армија во близина на границата со Косово се „крајно загрижувачки“ и побара меѓународната заедница да реагира на, како што рече, дестабилизирачкиот пристап на Белград.
- Курти изјави дека ваквите активности претставуваат притисок и обид за заплашување на Албанците во јужна Србија, кои, според него, со години се соочуваат со „административно етничко чистење“.