Кристин Лагард ги отфрли шпекулациите за нејзина кандидатура на изборите во Франција
- Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека не е кандидат за никаква политичка функција во Франција, отфрлајќи ги шпекулациите дека можеби ќе ја напушти ЕЦБ за да се приклучи на кампањата за претседателските избори во земјата во 2027 година.
- Таа изјави дека ги следи политичките случувања пред претседателските избори во Франција закажани за април 2027 година и изрази надеж дека Франција ќе продолжи да игра важна улога во Европската Унија.