Кремљ најавува можност за преговори: Русија, САД и Украина пред нов круг трилатерални разговори во Абу Даби
- Советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин на средбата со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф истакнал дека Москва е подготвена следниот месец да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон за завршување на војната во Украина.
- Нов круг трилатерални преговори во кои би учествувале Русија, САД и Украина би можеле да се одржат во Абу Даби во ноември – истакна Ушаков, додавајќи дека новиот круг преговори треба да се фокусира на „изградба на безбедносен систем за Русија и Украина по завршување на конфликтот“.