Комитетот за мир ќе претстави план за обнова на Појасот Газа вреден 2,45 милијарди долари
- Комитетот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп на денешниот состанок ќе презентира шестмесечен план за обнова на Појасот Газа од 2,45 милијарди долари, објави американскиот портал Аксиос.
- Планот содржи 66 проекти, меѓу кои и проценети трошоци за привремено домување, отстранување на урнатини, поправки на болници, економско закрепнување и распоредување на мултинационални безбедносни сили.