Кина, Русија и САД ќе продолжат со координацијата по историската средба на Трамп, Путин и Шји Џјинпинг
- Тројцата лидери „лично си ги објаснија своите стратешки намери“ и се согласиле дека треба да се спречат конфликти и конфронтации, изјави кинескиот министер на прес-конференција по завршувањето на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), одржан во кинескиот град Шенџен.
- Кина, Русија и САД ќе продолжат да ја координираат меѓусебната комуникација на работно ниво по денешната историска средба меѓу кинескиот претседател Шји Џинпинг и неговите американски и руски колеги, Доналд Трамп и Владимир Путин, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, оценувајќи ги разговорите како „самит за мир“.