Кандидатите блиски до Фатах на Махмуд Абас победници на локалните избори на Западниот Брег и во дел од Газа
- Кандидатите на движењето Фатах на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, се победници во повеќето места на палестинските територии каде што се одржаа локални избори, вклучувајќи го и градот Деир ал-Балах во Појасот Газа, контролиран од Хамас.
- Палестинската група Хамас, која ги протера Палестинските власти од Газа во 2007 година, официјално не предложи кандидати на изборите и ја бојкотираше изборната трка во Западниот Брег, окупиран од Израел, каде што се очекуваше победа на партијата Фатах на Абас.