Калас: Најавата на Трамп за повлекување на американските трупи беше изненадување
- Најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на американските трупи од Германија беше изненадување, изјави денеска шефицата ма европската дипломатија, Каја Калас.
- На прашањето дали верува дека најавата на Трамп е одмазда за неодамнешните критики на германскиот канцелар Фридрих Мерц за војната во Иран, Калас рече дека тоа прашање треба американскиот претседател да го објасни.