Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија
- Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вчера ги повика земјите-членки на Европската Унија да ја задржат санкциската политика кон Русија, во мигови кога во Унијата се разговара за евентуално укинување на санкциите против двајца руски олигарси.
- Начелниот договор треба конечно да биде потврден од сите 27 земји членки за да биде продолжен режимот на европските санкции против речиси три илјади физички и правни лица, обвинети дека ги поддржуваат воените дејствија на Русија против Украина.