Италија издаде црвен метео аларм за сите 27 поголеми градови
- Температури од над 35 степени денеска се очекуваат на многу места во земјата.
- Италијанската влада денеска издаде највисоко ниво на предупредување за топлински бран или црвен метео аларм за сите 27 поголеми градови во земјата што ги следи италијанскиот здравствен оддел, бидејќи во целата земја продолжуваат температурите над 35 степени Целзиусови.