Италија: Значително зголемен бројот на градови под црвено предупредување за високи температури
- Топлотниот бран продолжува ширум Италија, а бројот на градови за кои е издаден црвен метео-аларм е значително зголемен, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство.
- Температурите во наредните денови би можеле да достигнат 38 степени Целзиусови ширум земјата, со врвови блиску до 40 степени Целзиусови во првата половина од следната недела, наведува италијанскиот весник.