Иранскиот претседател: Ниту една сила не може да нè принуди на покорност
- Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави денеска дека ниту една сила во светот не може да го присили иранскиот народ на покорност.
- Тој, за време на посетата на различни одделенија на Службата за вонредни ситуации во Техеран, укажа на, како што наведе, „актуелните двојни стандарди во меѓународната политика“, нагласувајќи дека секоја воена офанзива против суверени држави претставува целосно кршење на сите прифатени меѓународни принципи.
- Иран не сака војна и нестабилност, но отсекогаш ја нагласувал важноста на дијалогот и конструктивната интеракција со сите земји во светот.