Ирански напад врз базата „Принц Султан“: Ранети 12 американски војници
- Најмалку 12 американски војници се ранети при ирански ракетен напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, јавија западни медиуми, повикувајќи се на официјални претставници на САД.
- Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека во конфликтот, кој трае речиси еден месец, досега се ранети над 300 американски војници.
- На интернет се објавени и сателитски снимки на кои се гледаат оштетувањата на авионите.