Ирански медиуми тврдат дека новото видео на Нетанјаху е направено со вештачка интелигенција
- Иако најновото видео од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кое тој посетува кафуле, требаше да ги побие гласините за неговата смрт или повреда, се покажа дека е лажно и генерирано од вештачка интелигенција, јави денеска иранската новинска агенција Тасним.
- Кабинетот на Нетанјаху вчера објави видео од израелскиот премиер за да ги негира шпекулациите дека е убиен или повреден во ракетните напади лансирани од Иран, но новото видео, кое требаше да ги смири сомнежите, покрена дополнителни прашања бидејќи се чини дека е генерирано со вештачка интелигенција, соопшти иранска новинска агенција.