Иран продолжува со ракетните напади врз земјите од Персискиот Залив
- Иран продолжи со нападите врз соседните земји од Персискиот Залив, при што Саудиска Арабија пријави повторени лансирања на балистички ракети во текот на ноќта, од кои сите беа пресретнати и уништени од воздушната одбрана, соопшти Министерството за одбрана на кралството рано утрово.
- Кувајт, исто така, пријави напади со ракети и беспилотни летала, додека сирените се огласија во текот на ноќта во Бахреин, соопшти Министерството за внатрешни работи на „X“.