Иран ги обвинува НАТО и европските земји за соучество во американско-израелските напади
- Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, ги обвини НАТО и одредени европски земји за соучесништво во американско-израелските воени операции против Иран, критикувајќи ги изјавите на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.
- Багеи на социјалната мрежа X изјави дека коментарите на Руте се признание за „намерното соучество на Европа во американско-израелската војна и агресија против Иран“, и оцени дека европските земји не биле непристрасни за време на конфликтот.