Инцидент во ОН: Десетици дипломати демонстративно ја напуштија салата пред говорот на Бенјамин Нетанјаху
- Нетанјаху веднаш ги нарече дипломатите кои излегоа од салата „морални кукавици“, истакнувајќи дека Израел всушност штити многу од земјите чии делегати одбиле да го слушаат неговото обраќање.
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочи со бојкоти за време на своето обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, откако десетици дипломати и делегати демонстративно ја напуштија салата уште при неговото појавување на говорницата.