Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот
- Преживеаните рекоа дека откако наишле на силна бура, глисерот се распаднал и потонал, а патниците се спасиле користејќи сплав за спасување, додека капетанот се изгубил во густата магла.
- Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан на бродот е во тек, соопштија официјални лица.