Израел погодил објекти на воздушната одбрана и ракетни складишта во Техеран
- Израелските воздухопловни сили погодиле објекти на воздушната одбрана и ракетни складишта во Техеран, соопшти денеска израелската војска.
- Во соопштението се вели дека неколку објекти за воздушна одбрана биле меѓу целите вчера, вклучувајќи еден што му припаѓал на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, каде што биле складирани противвоздушни ракети, објави „Тајмс оф Израел“.