ИАТА: Потребни се неколку месеци за резервите со керозин да се вратат во нормала
- Мислам дека ќе бидат потребни уште неколку месеци за да се вратиме на неопходното ниво на снабдување, со оглед на нарушените рафинериски капацитети на Блиски Исток, што е критична алка во глобалното снабдување со рафинирани производи, посочи Волш на конференција во Сингапур.
- Ќе бидат потребни неколку месеци за воздухопловниот сектор да се врати на нормални резерви на керозин и пониски цени на јаглеводородите, дури и ако Ормуска Теснина биде трајно отворена, предупреди денеска генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).