Земјотрес со јачина од 6,7 степени го потресе индонезискиот остров Сулавеси
- Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Националната метеоролошка и геофизичка служба на Индонезија.
- Според податоците на државната Агенција за метеорологија, климатологија и геофизика, епицентарот на потресот бил лоциран на околу 42 километри југоисточно од градот Палу, на длабочина од десет километри.