DAY.MK

обновено 21:49, 22.03.2026

Земјите од Г7 велат дека се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси

пред 11 часа 3 извори
Земјите од Г7 велат дека се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси

Кратко

  • Изразуваме поддршка до нашите партнери во регионот во услови на неоправдани напади од страна на Исламската Република Иран и нејзините сојузници, се вели во соопштението на министрите на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави, како и шефот на дипломатијата на Европската Унија.
  • Министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7 синоќа соопштија дека се подготвени да преземат неопходни мерки за поддршка на глобалните испораки на енергенси и ја потврдуваат важноста на заштитата на поморскиот сообраќај, вклучително и оние во Ормутската Тесница.
  • Тие најостро ги осудија „безобѕирните напади на иранскиот режим врз цивилите и цивилната инфраструктура, вклучително и енергетската инфраструктура“, без да изразат став за израелско-американските напади врз Иран.

Повеќе статии