Зеленски: Украинските напади резултираа со криза на рускиот пазар на горива
- Нападите на украинските вооружени сили врз 15 руски рафинерии извршени во текот на оваа година резултирале со криза на рускиот пазар на горива, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
- Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски наведе дека „планот за долгорочни санкции“ се спроведува чекор по чекор и дека нападите имале значително влијание врз руската енергетска инфраструктура.