Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе го почитува велигденското примирје, откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи велигденско примирје.
- Предложивме прекин на огнот за време на велигденските празници оваа година и ќе дејствуваме соодветно“, објави Зеленски на Телеграм.
- Тој нагласи дека на луѓето им е потребен Велигден без закани и вистински потег кон мир, објави Укринформ.