Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
- Киев – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се надева оти успехот на демократите на американските меѓуизбори ќе резултира со поголема помош за Украина во војната против Русија што трае веќе четири и пол години.
- Во интервју за германската телевизија „Зе-Де-Еф“, Зеленски рече дека се надева оти промените, што би следувале доколку демократите следната година ја преземат контролата врз двата дома на американскиот Конгрес, ќе бидат во корист на Киев.